Англија
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)

Арсенал ја искористи кратката пауза од натпревари во Англија и Европа за да организира неколкудневен тренинг-камп во Дубаи, но оттаму сега пристигна една ужасна и навистина неповолна вест за Микел Артета.
Шпанскиот стручњак доби неколку тешки удари во битката за титулата со Ливерпул од стартот на сезоната, па откако тимот мораше да игра без Мартин Одегард, но и без Букајо Сака, сега до крајот на сезоната нема да може да смета и на најдобриот стрелец со 15 погодоци, Каи Хаверц.
Германскиот фудбалер заработи тешка повреда на задната ложа и за тоа медиумите известија уште во текот на вчерашната ноќ, но денеска пристигнаа извештаите од направените детални прегледи.
Давид Орнстајн прв ја пренесе веста дека Хаверц скинал мускул на задната ложа и дека ќе биде во аут до крајот на сезоната, вест која брзо ја проследија и сите останати угледни медиуми од Островот.
До овој момент, непознато е дали фудбалерот ќе подлегне на хируршки зафат, нешто за што дополнително ќе треба да извести Арсенал преку официјално соопштение.
Пред два месеци, операција на задната ложа направи и Букајо Сака, па со ова само се потврди кошмарната сезона за Арета кога се во прашање повредите на клучните фудбалери.
🚨 Kai Havertz set to miss rest of season through injury. Arsenal forward suffered torn hamstring during training at #AFC camp in Dubai. Unclear if 25yo Germany international will require surgery but focus is getting fit for 2025-26 campaign @TheAthleticFC https://t.co/ItOTRkSsxI
— David Ornstein (@David_Ornstein) February 12, 2025
-
Формула 114 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија23 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија22 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија13 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија9 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Балкан24 часа
Нов гол за Цујо во Турција: Аврамовски претрча 50 метри и ја матираше Анкарагучу (ВИДЕО)
-
Македонија7 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)