Излегоа и официјално фотографиите од свадбата на Серена Вилијамс (Фото)

serena-williams najavna

Серена Вилијамс и Алексис Оханиан иако се криеја од јавноста, сепак папараците успеаа да ги уловат пред влезот на свеченоста. Тие љубовта ја крунисаа во Центарот за современи уметности во Њу Орлеанс. Тенисерката пратила порака преку своите служби дека е забрането користење на мобилни телефони на нејзината свадба поради тоа што магазинот „Вог“ имал ексклузивно право за објавување на фотографии од венчавката, според претходно постигнатиот договор меѓу Серена Вилијамс и магазинот.Но, сега и официјално беа објавени сликите од свадбата на Серена Вилијамс и нејзиниот свршеник Алексис Оханиан. Свеченоста била во духот на епската бајка ,,Убавицата и Ѕверот”.Од познатите ѕвезди на свадбата биле Бијонсе, Ким Кардашиан, Ева Лонгорија, Сиара, Ана Винтур и многу други.

Serena Vilijams 4

Serena Vilijams 3

Serena Vilijams 2

Serena Vilijams 1

Serena Svadba 5 svadba

Facebook Коментари