Поврзете се со нас

Европски првенства

Изјавата на Невил за Шпанија и најлошиот играч на „фуријата“ служи за потсмев на интернет (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Гери Невил е еден од легендарните англиски фудбалери кои работат како експерти во специјализираните фудбалски емисии, но сега една од неговите најави за Европското првенство стана посебно вирална, пред се поради лошата прогноза која ја даде.

Поранешниот десен бек не предвиде долг пат за Шпаија на турнирот во Германија и посочи еден играч како главна причина за тоа, но четири седмици подоцна, може слободно да се каже дека целосно погреши.

Гери е предмет на голем потсмев на социјалните мрежи во изминатите 24 часа, или од моментот кога Шпанија обезбеди финале во Берлин по новото брилијатно издание пртив Франција.

Невил посочи дека Марк Кукурелја е причината поради која не ја гледа Шпанија во самата завршница на Европското првенство, но всушност левиот бек е еден од оние кои најмногу импресионираа на континенталниот собир.

– Кукурелја е една од причините поради кои сметам дека Шпанија не може да оди докрај на ова Европско првенство, – гласеше точната изјава на Гери.

Еден месец подоцна, Шпанија ќе ја гледаме во големото финале, а вечерва ќе дознаеме против кој ќе игра в недела во Берлин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни