Поврзете се со нас

Италија

Изјавата на Мурињо од пред три недели е најсподелувана во Италија: Се исполни бруталната прогноза на Жозе за тимот на Спалети

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо беше прилично уверен во своите прогнози на стартот на Европското првенство, бидејќи пред турнирот во Германија испорача пет главни фаворити, како и една велесила која нема да направи ништо посебно.

Португалецот ги посочи Англија, Франција и Португалија како најголеми фаворити, во втор ред ги стави Германија и Шпанија, додека заклучи дека Италија нема шанси да ја одбрани титулата.

Три недели подоцна, може слободно да се каже дека Мурињо беше целосно во право, па затоа неговата изјава е најсподелувана и ги „прободе со нож“ италијанските фанови.

– Италија? Не верувам во нив, оваа генерација не е доволно талентирана. Има недостиг на талент во овој тим на Италија. Победија последниот пат, но не верувам дека повторно ќе го направат тоа, – изјави Мурињо.

Италија вчера се прикажа во навистина лошо издание против Швајцарија и сосема заслужено загуби со 2:0, па веднаш после тоа се отворија и многу дебати околу работата која ја изврши селекторот Лучано Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни