Поврзете се со нас

Свет

Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингем беше прогласен за најдобар млад играч, поточно ја доби наградата „Златно момче“ која ја доделува италијанскиот медиум „Тутоспорт“.

Англичанецот немаше конкуренција, поточно на убедлив начин дојде до признанието за кога тој прогнозира кој ќе го добие во 2024 година.

Тој издвои три имиња, двајца англиски играчи и еден соиграч од Реал Мадрид.

-Ќе кажам три имиња. Како прво, Арда Ѓулер е феномен, го гледаме како тренира и воодушевени сме од него. Потоа мојот поранешен соиграч Џејми Бајно-Гитенс од Борусија Дортмунд. И на крај, брат ми Џоб, чистокрвен напаѓач како нашиот татко, -порачал Џуд, а пренесува „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни