Поврзете се со нас

Италија

Издржа само 23 минути: Варан се повреди на дебито за Комо

Објавено

на

Рафаел Варан изненади со својата одлука да му се приклучи на Комо во текот на овој преоден рок, поточно да ја прифати понудата од новиот член на Серија А.

Меѓутоа Французунот нема по добро да го памети дебито во новиот клуб со оглед на тоа што се повреди по само 23 минути игра. Дефанзивецот доби шанса да биде стартер во соочувањето со Сампдорија во Купот на Италија, меѓутоа набрзо тренерот Фабрегас мораше набрзо да реагира и да го замени со оглед на проблемите што ги имаше некогашниот член на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Комо загуби со 2-1 и со тоа доживеа рана елиминација од ова натпреварување.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни