Поврзете се со нас

НБА

Избрани се 76 најдобри играчи во историјата на НБА, само двајца се од Европа (ФОТО)

Објавено

на

Комплетирана е листата на најдобрите играчи во историјата на НБА лигата како дел од 75 годишнината од постоењето на најквалитетниот кошаркарски шампионат на светот.

Од страна на избрана комисија од која дел беа играчи, тренери, генерални менаџери, оперативци, ВНБА легенди, медиуми, новинари беа одбрани 75+1 најголеми кошаркарки, асови кои оставиле голема трага и печат низ сите овие изминати години. Во овој состав очекувано имаше место за Карим Абдул Џабар, Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Бил Расел, Скоти Пипен, Коби Брајант, Лери Бирд…

Во одбраното друштво се и 11 активни играчи Адетокумбо, Леброн, Кари, Дејвис, Дурент, Харден, Ентони, Ленард, Лилард, Вестсбрук и Пол.

Интересно е тоа што немаше место за асови како Пау Гасол и Тони Паркер, ниту еден од Балканот или севкупно Европа има само две имиња Дирк Новицки и Јанис Адетокумбо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни