Избегната голема трагедија во АБА лигата: Спасен животот на кошаркарот на Олимпија Јан Шпан (Фото)

Span Olimpija

Викендов во АБА лигата се одржа натпревар кој малку недостигаше да резултира со животна трагедија.

ФМП беше домаќин на Петрол Олимпија, а кошаркарот на Олимпија, Јан Шпан беше во главната улога, каде благодарение на брзата интервенција на медицинската екипа, не го изгуби животот. Шпан во судар со кошаркарот на ФМП, Немања Ненадиќ, се струполи на паркетот, и не стана остана да лежи без свест.

Во  целата оваа ситуација се замеша и претседателот на Црвена Ѕвезда, Небојша Човиќ, кој го следеше овој натпревар од трибините во Железник. На негова асистенција кошаркарот беше итно префрлен  во Ургентниот центар во Белград.

По снимката било заклучено дека има скршеница на јагодичната коска и   контузија на мозокот, и благодарение на докторите и итната реакција се спречила голема трагедија.

span 1

Facebook Коментари