Поврзете се со нас

Свет

Избегната голема трагедија на шпанското дерби: Рефлектор падна на теренот и заврши на пола метар од млада девојка (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Baskonia

Вчерашната програма во шпанската АЦБ лига беше завторена со дерби натпревар меѓу Басконија и Барселона, а присутните фанови на истиот биле сведоци на навистина несекојдневен момент.

Басконија го одбрани домашниот терен и победи против каталонскиот гигант со 103:96, но малкумина во Шпанија зборуваат за конечниот резултат поради несекојдневниот и бизарен инцидент кој се случил за време на една пауза.

При еден од тајмаутите во последната четвртина, фановите во салата биле забавувани од домашните мажоретки, но стандардната глетка за малку ќе се претворела во хорор сцена.

Еден рефлектор од горниот дел на салата се откачил и паднал на еден метар од млада девојка која играла на теренот, па вистинска среќа е што никој не настрадал во дадената ситуација.

Шпанските медиуми пишуваат дека многу поопасно би било ако ова се случело во ситуација кога би имало активна игра од двата тима, порадишто побараа детална инспекција од Басконија како клуб за евидентирање на големиот пропуст кој можеше да заврши и трагично кон една од мажоретките во дадената ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни