Избегна посериозни повреди: Алонсо со огромна брзина се одбиваше од ѕидовите на патеката во Индијанаполис (Видео)

alonso

Легендарниот, 37 годишен Фернандо Алонсо имаше голема среќа на тренингот пред трката Инди 500 во Индијанаполис.

Шпанецот со голема брзина удри во заштитниот ѕид покрај патеката, потоа се одби удри во другиот за на крај уште еднаш да се удри во првиот заштитен ѕид.

За среќа, ваквиот инцидент помина без посериозни повреди за Алонсо кој веднаш бил примен во болницата во Индијанаполис, но по направените неопходни испитувања бил пуштен.

Со коментар на социјалните мрежи се јави и самиот Алонсо кој ја презеде целосната вина за инцидентот.

– Грешак од моја страна бидејќи ја потценив кривината на тренингот. Жал ми е за тимот и за момците кои работат многу напорно. Лекцијата ја научив, ќе се вратиме многу посилни денес или утре, -напиша Алонсо.

Facebook Коментари