Ивоби со маестрален потег го понижи Маскерано во спектакуларниот пресврт на Нигерија против Аргентина (Видео)

alex-iwobi

Аргентина едноставно не е ист тим кога во составот го нема капитенот Лионел Меси, а најдобар доказ за тоа добивме и ова попладне во Русија откако на стадионот во Краснодар беше изрежиран фантастичен пресврт од страна на Нигерија.

Популарните „гаучоси“ поведоа со 2:0 со головите на Банега и Агуеро, но потоа следеше вистински потоп за избраниците на Хорхе Сампаоли кој очигледно има уште премногу работа пред себе во пресрет на мундијалот кој се игра наредното лето.

Нигеријците се вратија во игра набрзина со головите на Ихеаначо и Ивоби, а во 54-та минута Идову погоди за 2:3 и пресврт на тимот од Африка. Пред самиот кај, конечните 2:4 ги постави талентираниот Ивоби кој и денеска докажа зошто добива се поголема доверба од Арсен Венгер, а начинот на кој го посрамоти Маскерано во дадената ситуација му овозможи да биде топ тема на социјалните мрежи.

Facebook Коментари