Поврзете се со нас

Зимски спортови

Ивица Костелиќ: Прв пат застанав на скии во Битола!

Објавено

на

Ивица Костелиќ, Скопје, декември 2024

Ивица Костелиќ е легенда на хрватското скијање кој во Светскиот Куп настапуваше од 1998 до 2017 година, при што има остварено 26 победи и еднаш го освои првото место во генералниот пласман (2011 година).

На Зимските олимпијади во Торино (2006), Ванкувер (2010) и Сочи (2014) има освоено четири сребрени медали.

Оваа зима по пауза од 27 години (од Шарпланински Куп во 1997 година) тој повторно беше во Македонија, земја на која се сеќава од неговото најрано детство, кога неговиот татко Анте бил ангажиран во ракометниот клуб „Пелистер“.

– Се разбира дека не се сеќавам на тоа! Сум имал само три години. Ми кажаа родителите подоцна дека прв пат сум застанал на скии на еден мал рид кај Битола, кој се вика Тумбе Кафе. Имам некаква поврзаност со Македонија и мојата приказна има врска со Македонија. Првото вистинско скијање го доживеав на Пелистер!

Целото интервју со Ивица Костелиќ ќе биде премиерно емитувано во новогодишниот ТВ дневник на „Телевизија 24“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни