Ивчевски е неприкосновен на мото патеките: Пример за идните генерации на моторциклисти (Видео)

ivcevski-pleven

Слободан Ивчевски уште на десет годишна возраст појавува голем интерес кон моторите и во 1993 година дебитира на мотокрос трката од Шампионатот на Македонија – Скопје и го освојува 5. место со што покажува голем талент. Оттогаш Ивчески е редовен натпреварувач на домашните и меѓународните првенства во различните мото дисциплини. Започнува да настапува во мотокрос, а подоцна настапува и во дисциплините скутери, брзински мотоциклизам, супермото и ендуро. Својот прв настап на меѓународна трка го прави во Турција 1995 година каде го освојува 3. место. Ивчески во текот на својата богата кариера има освоено многу значајни резултати на домашно и меѓународно ниво. Тој е единствен натпреварувач во Македонија кој има настапувано во сите мото-дисциплини: скутери, мото-крос, брзински мотоциклизам, ендуро и супермото, а значајно е и тоа што има освоено титули во сите овие дисциплини. Претходно, редакцијата на ,,Дерби” пишуваше за неговите можности, што дури во некоја прилика возел и со стари гуми две години. Неговото портфолио на извозени патеки и успеси доволно говори, каде во секоја прилика гордо го истакнува и македонското знаме. Подоле од видеото се  најголемите успеси на Македонецот Ивчевски.

2007 година

  • Шампион на Македонија во моторциклизам, класа до 600 кубни сантиметри, со полн учинок, победи на сите извозени трки.
  • Шампион на Македонија во мотокрос, класа до 250 кубни сантиметри
  • 5. место Батајница, Белград, Србија, Источно Европски Шампионат, класа 600 Супер Спорт
  • 7. место Серес, Грција, Источно Европски Шампионат, класа 600 Супер Спорт
  • 2. место на Трка на Шампиони

2008 година

  • Шампион на Македонија во моторциклизам, класа до 600 кубни сантиметри, со полн учинок, победи на сите извозени трки.
  • 7. место Плевен, Бугарија, Европски Куп во Супермото со што станува прв натпреварувач од Република Македонија кој освојува бодови на Европско ниво.
  • Рекорд на патеката во Кичево, 1:05,010

2009 година

  • Шампион на Македонија во брзински моторциклизам, класа до 600 кубни сантиметри, со полн учинок, победи на сите извозени трки.
  • Победник на трката од Шампионатот на Македонија во мотокрос во Орман во класата МХ1, по повод 15 години од постоењето на крос патеката.
  • 12. место во Генералниот пласман од Источно Европскиот Шампионат во брзински мотоциклизам, во класата 600 Супер Спорт
  • Прв и единствен освојувач на признанието ЗЛАТНА КАЦИГА во Македонија во мотоциклизам за три последователни титули во сезоните 2007, 2008 и 2009.

2010 година

  • Две победи во две трки од Сакамото Купот на Македонија во брзински мотоциклизам во класата 600 Супер Спорт
  • 9. место на трката од Шампионатот во брзински мотоциклизам на Источна Европа одржана во Плевен, Бугарија во класата 600 Супер Спорт
  • 7. место на трката од Европскиот Куп во Супермото одржана во Плевен, Бугарија во класата до 450 сантиметри кубни

2011 година

  • Победа на првата и единствено организирана трка од Шампионатот на Македонија во мото дисциплината брзински мотоциклизам во класата 600 Супер Спорт, одржана во Кичево
  • Победа на првата и третата трка од Купот на Македонија во мото дисциплината супермото во класата 450 кубни сантиметри, одржани во Кичево и Скопје
  • Победа на првата мото-крос трка одржана во Тетово, во класата МХ1
  • Освојувач на Првиот Куп во супермото во Република Македонија
  • 9. место во генералниот пласман во Европскиот Шампионат во супермото класа 450, што претставуваше и најголем успех за еден возач од Република Македонија на Европските Шампионати
  • Дел од репрезентацијата на Република Македонија, која го освои 2. место во Купот на нации, во мото дисциплината ендуро, што претставуваше најголем успех на Република Македонија во оваа релативно нова мото дисциплина, ендуро.
  • Добитник на специјалното признание за промоција на мотоциклизмот во Република Македонија доделено од страна на Мотоциклистичката Федерација на Република Македонија

СЕЗОНА 2012

  • Во 2012 година Слободан Ивчески го постигнува својот најголем личен успех, но и успех на Мотоциклистичката Федерација на Македонија освојувајќи го 6то место во генералниот поредок во Европскиот Шампионат во супермото, што претставува најголем успех за Република Македонија од Европските Шампионати во мото дисциплините.

СЕЗОНА 2013

  • Трето место освоено на последната трка од Европскиот Шампионат во супермото, одржана во Плевен, Бугарија, со што станува првиот Македонец кој успеал да освои место на подиумот на една европска трка
  • Четврто место во генералниот пласман на Европскиот Шампионат во супермото со мотоцикл КТМ 450, модел 2008 година, со минимално заостанување зад трето пласираниот конкурент од Романија на крајот од сезоната за само 6 бода, што повторно значеше подобрување на веќе постигнатите одлични резултати на европско ниво
  • Добитник на признание за „Промоција на мото спортот и МФМ во меѓународни рамки„ доделена од МФМ
  • Добитник на признанието „Спортист на годината 2013„ доделена од град Скопје

СЕЗОНА 2014

  • Три победи на три трки од Купот на Македонија во мото дисциплината супермото во класата 450 кубни сантиметри, одржани на патеката во Волково, Скопје, со што го освојува Купот на Македонија за 2014 година
  • 7. место во генерален пласман од Источно-Европскиот Шампионат во супермото, во класата 450 кубни сантиметри, со мотоциклот КТМ
  • 4. место на трката од Шампионатот на Источна Европа во дисциплината мотокрос, одржана во Прилеп
  • 4. место на меѓународната трка од Отворениот Шампионат на Македонија во дисциплината мотокрос, одржана во Битола
  • 3. место – шампионат на Македонија во мотокрос – класа МХ 1

СЕЗОНА 2015

  • Источно Европски шампионат Серес, Грција – 6. место – класа супербајк 600
  • Источно Европски шампионат Серес, Грција – 7. место – класа супербајк 600
  • Источно Европски шампионат Плевен, Бугарија – 20. 09., 3. место – супермото С1

 

СЕЗОНА 2016

  • Балкански шампионат Плевен, Бугарија – 9. место – класа Формула 1000
  • Балкански шампионат Серес, Грција – 5. место – класа Формула 1000
  • Балкански шампионат Серес, Грција – 5. место – класа Формула 1000 (втора трка)
  • Балкански шампионат Плевен, Бугарија – 3. место – класа Формула 1000
  • 3-то место во класата Формула 1000
  • 2-то место во конкуренција тимови-држави
  • Балкански шампионат Букурешт, Романија – 4. место – класа Формула 1000
  • Балкански шампионат Букурешт, Романија – 5. место – класа Формула 1000
  • Балкански шампионат Серес, Грција – 2. место – класа Формула 1000
  • 8 ма Трка – Балкански шампионат – Плевен Бугарија 2 место
  • 3 – то место Генерален Пласман 2016 година Балкански Шампионат во класа Формула 1000 цц

СЕЗОНА  2017

  • Европски Мото Шампионат
  • 2 втори места Серес – Грција
  • 1 и 3 – место Романија – Аданката
  • 3 – место Бугарија – Плевен
  • 5 – то место Серес – Грција
  • 2 – место Плевен – Бугарија
  • Бугарски шампион 2017 класа формула 1000
  • Европски Шампион 2017 Генерален пласман 1 во место

 

 

 

 

 

 

Facebook Коментари