Поврзете се со нас

АТП

Ивановски загуби од тенисер кој двапати го има победено Ѓоковиќ

Објавено

на

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски доживеа пораз во првото квалификациско коло на Челинџер турнирот во Хелсинки.

Ивановски доби сериозен противник на стартот на квалификациите, играч кој има позитивен учинок во дуелите со Новак Ѓоковиќ (води со 2-0, победи во Дубаи и Монте Карло)-тоа е 31-годишниот Јиржи Весели кој своевремено беше 35 на АТП листата.

Чехот го искористи искуство, знаењето и го доби најдобриот наш рекет со 2-о сетови по нешто повеќе од еден ипол час игра.

Весели во првиот сет направи еден брејк за 6-4, додека во вториот двајцата асови го чуваа сервисот и се се решаваше во тај-брејкот каде фаворитот беше подобар со 7-3.

Турнирот во Хелсинки се игра за награден фонд од 148.625 евра на тврда подлога во сала.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни