Поврзете се со нас

АТП

Ивановски загуби од Фонио во маратонскиот меч во Јокаичи

Објавено

на

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски доживеа пораз во првото коло на Челинџер 100 турнирот во Јокаичи (Јапонија).

Калин за противник го имаше 285 светски рекет, Џовани Фонио со кого се надигруваше повеќе од два ипол часа за да на крјаот забележи пораз од 2-1 во сетови.

Ивановски успешно го реши првиот сет со 6-4 и во вториот прв стигна до брејк. Имаше голема битка по што се замина во тај-брејк каде Италијанецот подобро се снајде и со 7-5 го одведе дуелот во трета решавачка рунда.

И тука се водеше израмнета игра, борба за секој поен за да одново се се решава во тај-брејкот каде поискусниот Фонио одново со 7-5 обезбеди пласман во следната рунда.

Ова е турнир што се игра за награден фонд од 130.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни