Поврзете се со нас

АТП

Ивановски успешно го реши првиот предизвик во Австрија

Објавено

на

Калин Ивановски успешно одговори на првиот предизвик на ИТФ фјучерсот во Котингбрун (Австрија) што се игра на земјени терени за награден фонд од 15.000 долари.

Македонскиот тенисер беше подобар од 20-годишниот Италијанец, Фаусто Табако со 2-1 во сетови. Фаусто го доби првиот сет со 6-4, не потоа стигна одговорот од нашата тениска надеж која во продолжението со 6-3 и 6-3 дојде до осминафиналето на овој турнир.

Негов следен ривал е уште еден италијански рекет, Андреа Гуериери.

Воедно Ивановски е активен и во дубл каде за партнер го има Чехот, Адам Јурајда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни