Поврзете се со нас

АТП

Ивановски уште долго време ќе биде надвор од тениските терени

Објавено

на

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски веќе некое време го немаше терените, немаше активности и јасно беше дека се соочува со одреден проблем кој сега самиот го потврди.

Имено Калин заедно со Новак Ѓоковиќ се подготвуваше за оваа сезона, меѓутоа потоа не настапи на ниту еден турнир, а така ќе биде уште најмалку 5-6 месеци.

-Здраво дечки. Бидејќи многумина се прашувавте кога ќе почнам да се натпреварувам… Ќе биде надвор од терените во следните 5-6 месеци. Ќе се вратам посилен, -порача Ивановски на социјални мрежи.

Калин во моментов е на 366 место на АТП листата, листа на која сигурно ќе паѓа и во иднина со оглед на тоа што долго време ќе го нема на сцената.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни