Поврзете се со нас

АТП

Ивановски сопрен во осминафиналето во Јокохама

Објавено

на

Калин Ивановски го заврши своето тениско патување на турнирот во Јокохама, челинџерот во Јапонија во кој успеа да мине две квалификациски рунди, како и онаа воведната во главниот ждреб.

Најобриот македонски тенисер сигурно ќе напредува на најновата ранг листа поради трите победи кои ги оствари во период од неколку дена, но после вложениот напор, утрово немаше многу сили за надгрување со 118-от играч во светот.

Италијанецот Лука Нарди прилично лесно стигна до победа во осминафиналето и се пласираше меѓу осумте најдобри на турнирот чиј награден фонд е 80 илјади долари.

Ивановски успеа двапати да му го одземе сервисот на противникот, но Нарди направи дури пет брејка и за 1 час и 16 минути игра славеше со 6:2 и 6:4.

Планот на Ивановски е да остане во Јапонија и да продолжи со настапи во оваа земја, а следен пријавен турнир му е оној во Јакаичи, каде исто ќе стартува преку квалификации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни