Поврзете се со нас

АТП

Ивановски со пресврт до главната фаза на Челинџер турнирот во Кобе

Објавено

на

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски успеа да ги мине квалификациите за влез во главната фаза на Челинџер турнирот во Кобе кој се игра на тврда подлога за награден фонд од  80.000 долари.

Ивановски кој ја имаше улогата на четврти носител, реши уште еден домашен рекет, поточно по Риуки Мацуда се справи и со Џејмс Кент Тротер.

Повеќе од два ипол часа се надиргуваа Македонецот и Јапонецот во меч во кој Тротер го зададе првиот удар и поведе со 1-0 во сетови откако го реши истиот во 12 гејм (7-5).

Уште понеизвесно беше во втората „рунда“ во која се дојде до тај-брејк каде нашиот тенисер беше за нијанса подобар и со 7-5 дојде до изедначување, решавачки сет во кој веќе на самиот старт направи брејк и потоа одлично го чуваше сервисот за 6-4 и конечна победа.

Во текот на денот Ивановски ќе го дознае и противникот на главниот турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни