Поврзете се со нас

АТП

Ивановски со нов скок дојде до најдобриот ранкинг во кариерата, Ѓоковиќ ја држи позицијата број еден

Објавено

на

Foto: https://twitter.com/DjokerNole/Manan

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски забележа нов напредок на АТП листата, скок со кој дојде до најдобриот пласман во досегашната кариера.

18-годишниот рекет од Скопје отиде напред за 30 позиции и сега со вкупно 72 поени е на 504 место на светот. Поголем напредок од Калин кога се во прашање македонските тенисери имаше Обрад Марковски (32 места) кој сега е на 1114 позиција.

Останатите Македонци како Горазд Србљак, Берк Бугарич, Томислав Јотовски и Стефан Мицов се лизнаа на денешното рангирање.

Кога се работи пак за елитата, врвот тука број еден по славјето на Австралија Опен е Новак Ѓоковиќ по што следуваат Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Фелик Оже Алијасим, Тејлор Фриц, Холгер Руне и Хуберт Хуркач кој ја заокружува таа прва најквалитетна десетка во моментов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни