Поврзете се со нас

АТП

Ивановски со добра партија до битка со првиот носител во Инсбрук

Објавено

на

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот што се одржува во Инсбрук, Австрија.

Ивановски за прв противник го имаше Томаш Јироусек, а иако искуството беше на страна на Чехот токму нашата надеж беше далеку подобар ривал на теренот број пет и со 6-3 и 7-6 обезбеди пласман во наредната фаза.

Во осминафиналето Калин ќе има тешка задача затоа што ќе се соочи со првиот носител Валентин Вашро од Франција.

Овој турнир се игра на земјена подлога и истиот е со награден фонд од 15.000 американски долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни