АТП
Ивановски пропушти голема шанса во вториот сет, па доживеа елиминација во Роверето
Калин Ивановски вчера преку драма беше подобар од Алекси Готие од Франција и се пласираше во завршното квалификациско коло на АТП Челинџерот во Роверето, каде денеска за жал не успеа да го мине финалниот бараж пред главниот турнир.
Најдобриот македонски тенисер лошо го отвори денешниот меч против Богдан Павел и веќе во воведниот гејм дозволи да биде направен брејк, што секако беше голем плус за самодоверба кај Романецот.
Понесен од доброто отворање, ривалот лесно го доби првиот сет со 6:2, но тоа не беше случај и во вториот каде Ивановски заигра далеку подобро.
Калин понуди голема борба и успеа да направи пресврт на средина на вториот сет, па дури и сервираше за израмнување на 1:1 во сетови.
Македонецот водеше со 5:3 и при 5:4 имаше свој сервис за израмнување, но за жал не успеа да го искористи тоа и дозволи брејк кој влијаеше многу негативно врз неговата самодоверба.
Во продолжение, дозволи уште два гејма во низа на Романецот, па така Павел со четири гејма во серија запиша победа со 6:2 и 7:5.
-
Англија11 часа
Артета со ист проблем како Венгер, навивачите на Арсенал имаа интересни коментари (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Ван Дер Варт за Мбапе: Тешко му е да прифати дека е „само уште еден играч“…
-
Англија22 часа
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
-
Свет9 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти за играчот кој направи голема грешка при голот кој донесе пораз за Реал: Тој е недопирлив
-
Шпанија23 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
-
Англија19 часа
Мареска откри дека казнил еден стартер на Челси поради недоволно залагање на тренинзите
-
Англија21 час
Гвардиола го испофали Де Брујне, но соопшти уште една ужасна вест за повреда на важен стартер