Ивановски погоди два пати, но не можеше да го спаси Славен од пораз (Видео)

mirko

Македонскиот интернационалец во дресот на Славен Белупо, Мирко Ивановски, продолжува со фантастичните игри во хрватското првенство.

Ивановски беше стрелец на два погодоци на првенствениот натпревар против Локомотива Загреб, кој неговиот Славен Белупо сепак го загуби со високи 5:2.

Нашиот напаѓач головите ги постигна во 32. и 38. минута и во тој момент успеа да го израмни резултатот, но тоа не беше доволно за тимот од Копривница да извлече позитивен резултат. До крајот на средбата, домашниот тим постигна уште три голови и успеа да слави убедлива победа.

Со овие два гола Ивановски стигна до бројката од 13 оваа сезона со што се искачи на третата позиција на листата на стрелци во Хрватската фудбалска лига.

Facebook Коментари