Поврзете се со нас

АТП

Ивановски обезбеди финале на турнирот во Опатија

Објавено

на

Калин Ивановски победи уште еден квалитетен ривал на фјучрсот во Опатија и си обезбеди пласман во финалето на турнирот со награден фонд од 15.000 долари.

Македонскиот тенисер ја продолжи победничката серија и денеска повторно славеше над чешки ривал, односно Михаел Врбенски.

Третиот носител на турнирот не успеа да го сопре пробивот на Ивановски, а нашиот претставник ги добил првиот и третиот сет со 6:4 и 6:3 за победа од 2:1 во сетови  по 157 минути игра.

Веќе е познат и ривалот во финалето на Ивановски, а тоа е првиот носител, хрватскиот тенисер Лука Микрут.

Микрут денеска побрзо и полесно ја завршил својата мисија во полуфиналето, добивајќи го дуелот со Перез Контри со 2:0 во сетови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни