Поврзете се со нас

АТП

Ивановски немаше сила за финале во Котингбрун

Објавено

на

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски не избори пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Котингбрун (Австрија) што се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Ивановски играше одлично неделава, забележа три победи и дојде до полуфиналето каде се соочи со првиот носител Валентан Вашро од кого загуби на претходниот турнир во Инсбурк. Калин немаше сили за изненадување и загуби и денеска со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-3.

Дуелот траеше 1 час и 14 минути, Французинот освои 21 поен повеќе од нашата надеж (62/41), имаше девет брејк топки од кои пет искористи и сосема заслужено ќе се бори за пехарот во Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни