Поврзете се со нас

Балкан

Ивановски не можеше да ги „избрише“ двата еврогола на Роналдо од Романија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Мирко Ивановски го постигна својот прв погодок во дресот на Динамо Букурешт, но тоа не беше доволно за поволен резултат на гостувањето кај Газ Метан во првата лига на Романија.

Битолчанецот беше прецизен од белата точка во 84 минута кога ги постави конечните 2-1. Претходно домаќините уште во првиот дел дадоа два еврогола преку Роналдо Деакону.

Имено Даекону на маестрален начин го матираше противникот во 36 и 38 минута, голови кои сигурно ќе влезат во конкуренција за најдобри во оваа сезона во елитната романска фудбалска конкуренција.

Мирко и другарите со седум бода се на 15 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни