Поврзете се со нас

АТП

Ивановски на чекор од финалето во двојки во Словенија

Објавено

на

Македонската тениска надеж, Калин Ивановски има добар настап во игра во двојки на ИТФ фјучерсот во Литија (Словенија) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Ивановски и неговиот партнер од Австралија, Брендон Волкин обезбедија пласман во полуфиналето и тоа откако убедливо ги решија домашните тенисери Блаж Кавчиќ и Матиќ Кризник.

Македонско-австралиската комбинација славеше со 2-0 во сетови со 6-1 и 7-6 (4), па за место во големото финале ќе се бори со Чесите, Патрик Рикл и Матеј Вочел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни