Поврзете се со нас

Балкан

Ивановски ја најави „петардата“ на Динамо Букурешт (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Мирко Ивановски одигра важна улога во денешната победа на Динамо Букурешт над Академија Клинчени во првата лига на Романија.

Домаќините го разбија противникот во вториот дел притоа максимално користејќи ја предноста од играч повеќе која дојде од 37 минута кога поранешниот македонски младински репрезентативец Агрон Руфати заработи црвен картон.

Се започна во 54 минута кога Ивановски мајсторски биеше со глава за отварање на резултатот. Битолчанецот во 58 ја имаше улогата на асистент при погодокот на Иванов по што стана јасно каде ќе завршат трите бода.

До крајот Морар (2) и Азанкпо стрелаа за Динамо, додека почесниот гол за гостите беше дело на Масаро во 88 минута.

Мирко во актуелнава кампања има 4 гола и 2 асистенции во дресот на клубот од романската престолнина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни