Поврзете се со нас

АТП

Ивановски ја мина првата пречка во квалификациите во Кобе

Објавено

на

Фото:www.facebook.com/ConcordIasiOpen

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски успешно го реши првиот предизвик во квалификациите за Челинџер турнирот во Кобе.

Ивановски ќе мора да ги мина квалификациите ако сака да биде дел од главната фаза на турнирот што се игра за награден фонд од 80.000 долари.

Калин ја има улогата на четврти носител, а како таков по една голема борба славеше над домашниот рекет Риуки Мацуда. Нашиот најдобар тенисер не искористи три сет топки во првиот сет по што се дојде до тај-брејк во кој Мацуда подобро се снајде и со 7-3 дојде до водство од 1-0.

Во продолжението Ивановски го потврди статусот на фаворит и со 6-2 и 6-2 обезбеди победа која го носи на соочување со Џејмс Кент Тротер кој е 556 на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни