Поврзете се со нас

АТП

Ивановски имаше победнички старт на турнирот во Мадрид

Објавено

на

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски имаше сигурен старт на фјучерсот во Мадрид на кој го има статусот на втор носител.

Ивановски за ривал го имаше Тома Дешамп од Франција, ривал кој го совлада со 2-0 во сетови за два часа игра. Имаше проблеми Калин во првиот сет да се наметне, противникот двапати му го одзема сервисот, меѓутоа тој искористи три брејки топки што беше доволно за 7-5.

Вториот сет беше помирен, Ивановски се стекна со предност во петтиот гејм во кој поведе со 3-2 и потоа ја чуваше предноста за конечни 6-4.

Наредна пречка му е 21-годишниот Шпанец, Хавиер Молино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни