Поврзете се со нас

АТП

Ивановски и Србљак изборија пласман на главните турнири во Пореч и Аламинос

Објавено

на

Македонските тенисери, Калин Ивановски и Горазд Србљак се изборија за место во главната фаза на фјучерсите во Пореч и Аламинос.

Ивановски во последното квалификациско коло во Пореч го надигра Лука Плосниќ од Италија со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-3. Оваа победа го однесе на турнирот каде во првата рунда за противник ќе го има шестиот носител Стефан Поповиќ.

Овој фјучерс се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Србљак во Кипар одигра драматичен меч со Мануел Лазиќ од Австрија, но по три сета славеше со 2-1 со 6-7, 6-4 и 10-8.

Утре во првото коло на турнирот Горазд ќе игра против Џанмарко Ортензи од Италија, ас кој е 969.место на АТП листата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни