Поврзете се со нас

АТП

Ивановски го среди Мексиканецот Фиерос за полуфинале на фјучерсот во Мадрид

Објавено

на

Калин Ивановски ќе игра најмалку уште еден ден на ИТФ фјучерсот кој се игра во Мадрид, откако денеска ја мина и четвртфиналната пречка наречена Рубио Фиерос.

Најдобриот македонски тенисер беше подобар од Мексиканецот со сигурна игра во двата сета, но посебно убедлив беше во вториот во кој ја заврши работата.

Првиот сет му припадна на нашиот тенисер со 6:4, додека во вториот му препушти само еден гејм на противникот и влезе меѓу најдобрите четири во шпанската престолнина.

ИТФ фјучерсот во Мадрид се игра на тврда подлога и има награден фонд од 15 илјади американски долари, а последниот предизвик пред финалето ќе биде холандски тенисер.

Ивановски утре ќе ги одмери силите со Сидан Понтјодикромо, меч во кој нашиот тенисер влегува со добри шанси за победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни