Поврзете се со нас

Олимписки игри

Ивановски го развиори македонското знаме на крајот на маратонот, Тола го освои златото со нов олимписки рекорд

Објавено

на

Дарио Ивановски си го оствари својот сон и стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка, откако денеска успеа да пристигне на финишот во Версај и да го развиори македонското знаме.

Најдобриот атлетичар од нашата земја се најде во конкуренција на најелитните светски маратонци, па и покрај сите проблеми кои ги имаше пред и за време на трката, успеа да смогне сили и да притигне на финишот.

Ивановски не беше во својот посакуван ритам поради одредени проблеми и тоа беше евидентно за време на секое мерење на пет километри, па на крајот оствари време кое е 20 минути послабо од неговиот личен рекорд, кој всушност е и национален рекорд.

Дарио истрча за време од 2:08.26 часа на маратонот во Севилја оваа година, а денеска пристигна на целта како 69-ти со време од 2:28.15.

Ивановски сигурно ќе собере големо искуство од оваа трка и ќе ја искористи истата како мотив за во иднина, бидејќи повеќе од јасно е дека има многу поголем потенцијал од тоа што го прикажа денеска.

Кога е во прашање поредокот при самиот врв, првото место го освои Тамират Тола од Етиопија кој го освои златниот медал, додека среброто и бронзата им припадна на Абди Башир од Белгија и Бенсон Кипруто од Кенија.

Победникот Тола ја заврши трката со време 2:06:26, што всушност е и нов олимписки рекорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни