АТП
Ивановски го надигра шестиот носител и обезбеди полуфинале во Франција

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски избори место во полуфиналето на ИТФ фјучерсот што оваа седмица се игра во Поатје (Франција).
Калин во денешниот предизвик беше подобар од домашниот рекет Тристан Ламазин (шести носител) со 2-0 во сетови. Околу еден ипол час траеше борбата на централниот терен, борба која заврши со резултат 7-5 и 6-1. Македонецот освои 19 поени повеќе од Французинот (65-46), а имаше и фантастична реализација на брејк шансите, топките (четири од пет).
Сега пред Ивановски е уште една тенисер од Франција, вториот носител Саша Гејмар Вајенбург кој денеска блескаше и славеше со убедливи 6-0 и 6-1.
Ова е турнир што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.
-
Балканпред 12 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 8 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 11 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 20 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 10 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 22 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Миланско дерби за новиот италијански репрезентативец
-
Светпред 12 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……