Ивановски двоен стрелец во новата победа на Хајдук (Видео)

mirko

Тимот на Хајдук дојде до нова победа во хрватскиот шампионат, а во истата голем придонес имаше нашиот интернационалец Мирко Ивановски.

Составот од Сплит славеше на гостувањето кај Истра со 4-2, а нашиот Мирко беше стрелец на два гола во 36 и 65 минута од средбата, погодоци со кои дојде до бројката четири во оваа натпреварувачка кампања.

Хајдук со 10 бода е на 8 место на табелата.


Facebook Коментари