Ивановски дојде до третото место на листата на стрелци во Хрватска (Видео)

mirko

Македонскиот напаѓач, Мирко Ивановски игра во одлична форма во дресот на Славен Белупо во оваа сезона каде на средбата против Истра 1961 дојде до десеттиот погодок и до третото место на листата на стрелци во хрватскиот шампионат.

Мирко стрелаше од пенал во 23 минута и донесе водство од 1-0, но остатокот од дуелот им припадна на домаќините кои успеа да го свртат резултатот и да слават со 2-1.

Славен со 31 бод е на петтата позиција во елитното хрватско фудбалско друштво.

Facebook Коментари