Ивановски асистент и стрелец во победата на Славен Белупо (Видео)

mirko

Македонскиот напаѓач, Мирко Ивановски одигра клучна улога во денешната победа на Славен Белупо над Рудеш во премиерниот меч од 25. коло во најсилниот хрватски фудбалски шампионат.

Клубот од Копривница се избори за триумф од 2-0, два погодоци во кои директно учествуваше Ивановски. Во првиот битолчанецот му асистираше на Года во 34 минута, додека пак во вториот беше егзекутор и ја смести топката во мрежата на гостите користејќи ја топката на Томе Китановски и грешката на Шпанецот, Паез.

Мирко со 9 погодоци е на делба на третото место на листата на стрелци. Славен со 31 бод е на петтото место на прволигашката табела.


Facebook Коментари