Поврзете се со нас

Евролига

Ивановиќ подобар од „неговата“ Звезда, Барселона се разбуди и остана перфектна во „Палау Блауграна“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Составот на Басконија славеше над Црвена Звезда со 87:85 во најнеизвесниот меч од вечерашната програма од 13. коло во Евролигата.

Шпанскиот тим го издржа завршниот напад на гостите од Белград и дојде до трето славје во низа во оваа конкуренција, славје кое е слатка одмазда на стратегот Душко Ивановиќ кој оваа сезона ја започна на кормилото на Звезда од каде беше отпуштен за да сега повторно одлично го води клубот од Баскија.

Четворица домашни играчи беа двоцифрени, лидер беше Седекерскис со 18 кошеви, додека кај поразените залудни беа 24 кошеви на Геидраитис.

Барселона пак го заборави, преболи поразот од Виртус Болоња со славје над Фенербахче од 89:81. Каталонците одиграа лошо прво полувреме во кое примија дури 50 кошеви (50:38), но по паузата заиграа далеку поагресивно, подобро во одбрана, во исто време ефикасно во нападот и го свртија резулатот и на тој начин го сочиваа перфектниот учинок во „Палау Блауграна“.

Ернангомез со 21 поен и 9 скока беше прво име, Лапровитола додаде 15 кошеви.

Останати резултати: Жалгирис-Монако 79:83, Олимпијакос-Баерн Минхен 77:69, Виртус Болоња-Макаби ТА 100:90, Асвел-Валенсија 55:78.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни