Поврзете се со нас

АТП

Ивановиќ: Ѓоковиќ ќе ги надмине Надал и Федерер

Објавено

на

Некогашниот светски рекет број еден, Ана Ивановиќ верува дека Новак Ѓоковиќ ќе биде рекордер по освоени пехари на грен слем турнирите.

Ѓоковиќ во досегашното свое тениско патување има 17 титули на најважните турнири што го става на третата позиција на вечната листа зад Рафаел Надал (19) и Рожер Федерер (20).

-Новак веројатно ќе го сруши рекордот. Тој пред него има уште неколку години. Дефинитивно има голема шанса тоа да го направи. Тоа е една од неговите цели, -истакна Ивановиќ кој е блиска пријателка со Новак.

-Бевме многу блиски пријатели. Сепак ние низ годините тргнавме низ различни патишта. Сè што тој направи е неверојатно, -додаде Ана.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни