Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ за најтешкиот противник во кариерата: Тој ми го уништи животот, не можев да спијам поради него

Објавено

на

Горан Иванишевиќ го оствари својот сон и ја освои титулата на Вимблдон во 2001-ва година како нерангиран тенисер кој доби вајлд-карта, успех со кој ја круниса својата одлична кариера која можеше да биде и уште поблескава ако не се најдеше во иста ера во која играа страшни тенисери како Пит Сампрас, Андре Агаси и Борис Бекер.

Хрватот ја заврши кариерата на најдобар можен начин со освоен трофеј на турнирот кој најмногу го сакаше, но сега кога како 49-годишник и тренер на Новак Ѓоковиќ се навраќа на минатото, не пропушта да потенцира дека еден тенисер му го уништил животот.

– Најтежок противник во кариерата ми беше Пит Сампрас, тој ми го уништи животот, ми ги уништи сите сонови. Поради него не можев да спијам навечер, мислев каде грешам.

– Во полуфиналето на Вимблдон во 1994-та година го победи Бекер со 3:0, тоа беше мојот најдобар меч на трева, а можеби и во мојот живот. Тогаш го убив Борис кој играше неверојатно на трева. Се сеќавам дека по крајот на мечот, кога се поздравувавме, ми порача дека сум одиграл извонредно и дека најдобро ќе биде јас да го освојам турнирот.

– Во финалето се сретнав со човекот кој ми уништо 20 години од животот, господинот Сампрас. Играв навистина добро, но тој секогаш беше подобар, беше чекор-два пред мене. Првите два сета ги доби во тајбрејкот, а потоа ме победи со 6:0 во третиот. Не затоа што играв лошо, туку поради фактот што тој беше подобар во најважните поени. Имав шанса наредната година во полуфиналето, повторно игравме, но ме победи во пет сета. Бев подобар цел меч, но клучните поени ги добиваше тој. Приказната се повторуваше одново и одново во наредните години, како дежа ви. Горд сум што играв во ерата на Пит Сампрас, што играв фантастични мечеви против него, чест беше да бидете втор зад Сампрас, можеби и најголемиот играч на сите времиња. Сепак, тој човек ми го уништи животот, добри 20 години од животот, – вели Иванишевиќ кој загуби од Сампрас и во финалето во 1998-ма година, исто така во меч од пет сета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни