Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ за најдобриот елемент на Ѓоковиќ: Тој потег му е како сликањето на Пикасо

Објавено

на

Во недостиг на тениски мечеви поради паузата изнудена од коронавирусот, АТП реши колку толку да ги забавува фановите со интересни содржини во кои се вклучени сегашни или поранешни тенисери.

Една од таквите рубрики е таа во која славните тенисери избираат потег кој би сакале да го преземат од друг играч, а овој пат во таа улога бил Горан Иванишевиќ.

Хрватот не избрал тенисер од својата ера, туку Новак Ѓоковиќ со кого соработуваше последниот период, а за кој вели дека има идеален бекхенд.

– Бекхендот на Ѓоковиќ има се, тајминг, длабочина, 100 пати ќе го удри топчето и потоа ќе погоди винер дури и кога не е во добра позиција. Дури и тогаш удира совршено.

– Тоа е совршенство, удари како што Пикасо слика, – истакнал Иванишевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни