Поврзете се со нас

ВТА

Иванишевиќ за изненадувачкиот предизвик во тенисот: После Ѓоковиќ, ми требаше промена од 180 степени

Објавено

на

Foto:instagram.com/goranivanisevicofficial

Горан Иванишевиќ ги освои сите најважни титули како тренер на Новак Ѓоковиќ, но откако двајцата решија да се разделат во раната фаза на годината, никој не очекуваше дека Хрватот ќе направи „трансфер“ во женскиот тенис.

Минатата недела, како огромно изненадување пристигна веста дека Иванишевиќ во иднина ќе ја тренира петтата најдобра тенисерка во светот, па јасно е дека соработката со Елена Рибакина ќе биде огромен предизвик за популарниот „Зец“.

– После Новак Ѓоковиќ, навистина тешко е да го тренирате било кој во машкиот тенис. Ми беше потребно нешто сосема друго после Ноле. Кога сте тренер на најголемиот на сите времиња, потоа ви треба нешто сосема ново.

– Или млада тенисерка, или некоја докажана на ВТА листата. Се случи ова второто. Прво и основно, ќе мора подобро да се запознаеме со Елена, нема да навлегувам во детали, но има простор за напредок во секој аспект од нејзината игра. Може да има подобри резултати и ќе се стремиме кон тоа.

– На многумина им беше чудно и изненадувачки кога се објави веста, но после Ѓоковиќ ми беше потребна промена од 180 степени. Со Новак освоив се, а сега со голема возбуда гледам на новиот предизвик. Додека бев на АТП турот, не се замислував во женскиот тенис, но сега е обратно. Не се гледам себеси во машкиот тенис, – вели Горан во интервјуто за „Спорт Клуб“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни