Поврзете се со нас

ВТА

Иванишевиќ стави крај на сагата со неодлучната Рибакина

Објавено

на

Foto:instagram.com/goranivanisevicofficial

Горан Иванишевиќ се повлече од стручниот штаб на Елена Рибакина и информацијата ја објави самиот преку социјалните мрежи.

Казахстанската тенисерка го ангажираше Хрватот како замена за неговиот контроверзен сонародник Стефан Вуков, но изненадувачки реши да го врати во стручниот штаб по само неколку месеци.

Дел од медиумите објавија дека Рибакина првично ја прекинала соработката со Вуков поради неговиот брутален стил на тренинзи, а ВТА започна и истрага поради прекршување на кодексот на однесување од страна на 37-годишниот тренер.

И покрај ова, Рибакина во своите изјави калкулираше со помошта на двајцата тренери, па Иванишевиќ решил да стави крај на сагата.

– По крајот на тестниот период кој заврши на Аустралијан Опен, сакам да и посакам на Елена и нејзиниот стручен штаб се најдобро во иднина, – напишал Иванишевиќ, навестувајќи го повлекувањето од соработката со седмата светска тенисерка.

Рибакина во Мелбурн беше елиминирана во осминафиналето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни