Поврзете се со нас

ВТА

Иванишевиќ си пронајде нов ангажман во тениската елита

Објавено

на

Foto:instagram.com/goranivanisevicofficial

Горан Иванишевиќ направи мала пауза од тенисот откако ја прекина соработката со Новак Ѓоковиќ, но неколку месеци подоцна, сепак реши да почне една нова авантура.

Популарниот „Зец“ се претвори во еден од најбараните тренери во светот по извонредните резултати кои ги постигна со Србинот, но сега во иднина доста често ќе го гледаме на ВТА Турот.

Легендарниот хрватски тенисер постигна соработка со петтата најдобра тенисерка во светот, Казахстанката Елена Рибакина.

Новата соработка ќе почне на крајот на оваа календарска година, па јасно е дека новата двојка ќе започне со тренинзи и подготовки за возбудувањата кои ги носи новата 2025-та година.

– Се радувам на новото партнерство со Иванишевиќ. Тој е голем шампион и има огромно искуство. Едвај чекам да почнеме заедно, за мене најважно е да напредувам.

– Сакав да работам со него, а верувам дека истото важи и за него. Сакам да научам од него, ова ќе биде нешто ново и интересно за мене. Долго време соработував само со еден тренер, ќе видиме што ќе произлезе од оваа соработка, – изјави Рибакина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни