Иванишевиќ посочи кој елемент ја направил главната разлика меѓу Ѓоковиќ и Федерер

ivanisevic-novak

Горан Иванишевиќ беше дел од стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ за време на првата недела на Вимблдон, но потоа поради комерцијални обврски договорени од претходно, не беше присутен на ниту еден меч на Србинот, вклучувајќи го и големото финале со Рожер Федерер.

Легендарниот хрватски тенисер во ексклузивно интервју за „Спорстке новости“ откри дека го гледал мечот во тениската академија, а и тој како и многумина други, порача дека Федерер бил подобар тенисер на теренот, но сепак ја загубил психолошката битка со светскиот рекет број еден кој е убедливо најдобар во овој поглед.

– Ова е совршен пример за тоа „е.и убавина и за..и го оној што е подобар“ ако на крајот не го добиете мечот. Федерер одигра брилијантен меч, беше подобар во секој сегмент од играта, но не го доби мечот. Одигра три тајбрејка за „онаа работа“. Тука се виде колку Новак е силен во главата, колку е ментално јак. Кога највеќе требаше, главата пресуди. Ова беше неверојатно, на Федерер ќе му биде многу тешко да се опорави. Овој резултат е шок за сите, – признава Иванишевиќ.

Facebook Коментари