АТП
Иванишевиќ посочи кога би можел да се одржи Австралија Опен и откри дека Ѓоковиќ ќе настапи на мини турнир на Балканот
Легендарниот поранешен тенисер, а сегашен тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ даде свое видување за целата ситуација поврзана со тенисот во услови на коронавирусот.
Како и сите останати спортови, и тенисот претрпе огромни штети од коронавирусот, па сите натпреварувања кои беа закажани беа одложени.
Иванишевиќ не верува дека ќе има допадлив тенис во блиска иднина, а најави дека Австралија Опен би можел да се одржи кон месец март следната година.
– Тенисот е специфичен спорт каде имаш многу луѓе од разни краишта на светот кои мора да дојдат на едно место и да играат. Моја најоптимистична проценка е пролетта следната година. Тогаш ќе гледаме тенис каков што гледавме до ова лудило.
– Австралија, ако го имаме најдоброто сценарио, ќе се одржи без публика во некои многу строги услови и прашање е кој ќе може да патува, а кој не. Слушнав дека се размислува за поместување на Австралија Опен за март следната година, но тенис каков што следевме пред Ролан Гарос и Вимблдон следната година нема шанси да има, -изјави Иванишевиќ.
Потоа Хрватот потврди дека се размислува за одржување на еден вид „балканско“ дружење во кое Новак Ѓоковиќ и уште некои тенисери ќе одиграат натпревари ширум земјите од екс Југославија.
– Имаше некоја идеја да направиме регионални мини турнири во Србија, Хрватска, Слобенија и Босна. Тоа би бил сериозен тим играчи, така што се работи на ткаво нешто. Ќе видиме како ќе биде со границите, со патувањата и сите тие изолации. Се надевам дека во јуни или јули ќе профункционира, -изјави Иванишевиќ.
-
НБА22 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија12 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Свет24 часа
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…
-
АТП11 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)