АТП
Иванишевиќ откри дека Ѓоковиќ во Торино ја режирал најчудната епизода: Не се појави цел ден, не знаевме дали ќе игра

Горан Иванишевиќ веќе неколку години е тренер на Новак Ѓоковиќ и ги освои сите грен слем титули како дел од неговиот тим, но легендарниот Хрват е оној кој е најдобро запознаен со двете лица на светскиот рекет број еден.
Срдечното и пријателското е она со кое се соочува секој ден, но добро познато му е и она бесното и нервозното кое доаѓа до израз кога работите не одат онака како што посакува на теренот.
Иванишевиќ во повеќе наврати сме го гледале во вербални расправии со Ноле за време на мечевите, но Хрватот откри дека најбизарната ситуација ја доживеал во Торино, кога никој од тимот воопшто не знаел дали ќе излезе на терен за третото коло од групната фаза, кога требаше да игра против Хуберт Хуркач.
– Ноќта во вторникот мечот заврши доцна и загуби од Синер. Во средата не го видовме цел ден, не тренираше ниту минута. До четвртокот попладне не знаевме што се случува со него. Цел тим бевме во соблекувалната и не знаевме дали да си одиме дома, или да чекаме тренинг за загревање за мечот со Хуркач. Седевме, долго чекавме и на крајот дознавме дека сепак ќе игра.
– Како и секој човек, тој има внатрешни расправии со себе и понекогаш мора да бидете трпеливи и да го оставите на мира. Јас бев со цело мое семејство во Рим и цела среда ја минав на пазарување. Нема зошто да му се лутам за такви работи, ме лути само кога ми се дере без причина. Не е лесно со него, особено кога губи, но таков е животот. Тој е број еден и секогаш сака повеќе, има највисоки барања од себе. Во саботата кога излезе на загревање, знаев дека ќе го освои турнирот. Видовте како ги победи Алкарас и Синер, – вели Иванишевиќ.
-
Италијапред 24 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 18 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 18 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 10 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 23 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)