Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ не е оптимист за Ѓоковиќ: Попрво јас ќе освојам турнир, отколку тој што…..

Објавено

на

Организаторот на турнирот во Монтреал веќе најави дека Новак Ѓоковиќ ќе мора да прими вакцина за да се појави на ценетиот АТП Мастерс на Рожерс Купот, а бидејќи истите правила за задолжителна вакцинација важат и во САД, многу веројатно е дека Ноле ќе остане и без последниот грен слем турнир во годината.

Поради својот вакцинален статус, Новак предизвика вистинска драма во Австралија и беше депортиран во Мелбурн на почетокот на годината, но и покрај тоа што сега сигурно нема да се повтори исто сценарио, се поизвесно е дека нема да игра ниту на Ју-Ес Опен.

Неговиот тренер Горан Иванишевиќ воопшто не е оптимист дека нешто ќе се промени во Америка во наредниот месец околу правилата за влез во земјата, па даде еден саркастичен пример за тоа во каква ситуација се наоѓа освојувачот на Вимблдон.

– Никогаш во мојот живот не помислив дека ќе имам повеќе грен слем титули како тренер, отколку како играч. Колку Ноле повеќе игра, толку повеќе ќе имам.

– Попрво јас ќе го освојам турнирот во Умаг, отколку Ноле што ќе добие дозвола за игра во САД. Ова е многу тешка година, се оди против нас. Почна со катастрофа во Австралија, а потоа АТП реши да не се бодува Вимблдон и тоа беше луда и погрешна одлука, – вели Иванишевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни