Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ: Ѓоковиќ е „луд“, може да игра и на следните ОИ во Лос Анџелес

Објавено

на

Foto:instagram.com/goranivanisevicofficial

Горан Иванишевиќ долго соработуваше со Новак Ѓоковиќ и вели дека многу се израдувал откако српскиот тенисер го освоил златниот олимписки медал, а во последното интервју зборувал и на други теми поврзани со рекордерот по бројот на освоени грен-слем титули.

Хрватот како тренер на Ѓоковиќ имаше можност да се радува на многу успеси заедно со Новак, а вели дека го исконтактирал веднаш по успехот во Париз.

– Се слушнав со Новак по откако го освои олимпиското злато, а и по операцијата на коленото. Мене ми е многу драго за освоеното злато затоа што знам колку го посакуваше, колку му значи и тоа најдобро го покажа начинот на кој го одигра финалето.

– Колку е тој позитивно луд, нема да бидам изненаден ако игра и во Лос Анџелес по четири години. Во финалето играше против момче помладо 16 години од него, кое е побрзо од него и посилно го удира топчето од него. Во финалето се се сврти, во еден момент како Новак да беше помлад од Алкарас.

– Секоја чест за тоа. Новак е најдобар тенисер и еден од најдобрите спортисти во историјата и може многу да се научи од него. Поминавме многу лоши работи во тие заеднички пет години, но на крајот се се враќа, – изјавил Иванишевиќ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни