Поврзете се со нас

Шпанија

Иван Ракитиќ со дефинитивен одговор за својата иднина во Барселона

Објавено

на

Долго време се шпекулира дека оваа сезона ќе биде последната на хрватскиот интернационалец, Иван Ракитиќ во редовите на Барселона.

Сепак, според последните зборови на Ракитиќ тоа веројатно нема да се случи и тој ќе остане на „Камп Ноу“ уште долго време.

За Хрватот имаше интерес од неговиот поранешен клуб Севилја, а се распрашуваа и некои премиерлигаши кои беа подготвени да му понудат примамлив договор.

– Зборував со луѓето од клубот пред десет или 15 дена и заклучокот беше да не зборуваме за тоа затоа што имам валиден договор до 2021 година. Ова е местото во кое сакам да играм.

– Дополнително, мојата жена и децата одлично се снаоѓаат во градот. Нема никаква причина да размислувам за други работи. Тренирам добро и сигурен сум дека ќе останам во Барселона нешто подолго, -изјави Ракитиќ за хрватскиот медиум „Тпортал“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни